Оздол иде млад делија
- Оздол иде млад делија,
- оздол иде млад делија,
- млад делија јабанџија,
- млад делија јабанџија.
- Сал се чуди, сал се мисли,
- сал се чуди, сал се мисли,
- дал да оди во мејана,
- ил да оди во кафана.
- Ако оди во мејана,
- ако пие рујно вино,
- тој си нема жолто злато,
- жолто злато, дукат лири.
- Па си пошол кај Стојанка,
- кај Стојанка џан девојка.
- Малку чукнал, малку викнал,
- го дочула џан Стојанка.
- Се излажа џан Стојанка,
- џан Стојанка, џан девојка,
- па го пушти во одаи,
- во одаи на дивани.
- Многу малку тој поседе,
- многу малку - две недели.
- Што имало се изело,
- се изело ем испило.
|
Ozdol ide mlad delija
- Ozdol ide mlad delija,
- ozdol ide mlad delija,
- mlad delija jabandžija,
- mlad delija jabandžija.
- Sal se čudi, sal se misli,
- sal se čudi, sal se misli,
- dal da odi vo mejana,
- il da odi vo kafana.
- Ako odi vo mejana,
- ako pie rujno vino,
- toj si nema žolto zlato,
- žolto zlato, dukat liri.
- Pa si pošol kaj Stojanka,
- kaj Stojanka džan devojka.
- Malku čuknal, malku viknal,
- go dočula džan Stojanka.
- Se izlaža džan Stojanka,
- džan Stojanka, džan devojka,
- pa go pušti vo odai,
- vo odai na divani.
- Mnogu malku toj posede,
- mnogu malku - dve nedeli.
- Što imalo se izelo,
- se izelo em ispilo.
|