Ојде дедо во градина
- Ојде дедо во градина,
- во градина, кај цвеќиња.
- Таму најде девојчиња
- та, им вели ем говори:
- -Ај, кажете, девојчиња,
- која од вас ќе ме земи?
- Прва вели и говори:
- -А бре, дедо, стари дедо,
- избричи си брадичката,
- поткастри си мустаќите.
- / Јас, бре, дедо, ќе те земам. /
- Втора вели и говори:
- -А бре, дедо, стари дедо,
- продај си ја кобилата,
- кобилата и колата.
- / Јас, бре, дедо ќе те земам. /
- Трета вели и говори:
- -А бре, дедо, стари дедо,
- запали си куќичката
- изгори си бабичката.
- / Јас, бре, дедо, ќе те земам. /
- Си запалил куќичката,
- си изгорел бабичката,
- па, се вратил кај момите,
- а моми му побегнале.
- Почнал дедо да си плачи,
- да си плачи, да си реди:
- -Стара беше, ме крпеше,
- стара беше, ми готвеше.
- / Стара беше, ме љубеше,
- и на старост ме топлеше. /
|
Ojde dedo vo gradina
- Ojde dedo vo gradina,
- vo gradina, kaj cvekjinja.
- Tamu najde devojčinja
- ta, im veli em govori:
- -Aj, kažete, devojčinja,
- koja od vas kje me zemi?
- Prva veli i govori:
- -A bre, dedo, stari dedo,
- izbriči si bradičkata,
- potkastri si mustakjite.
- / Jas, bre, dedo, kje te zemam. /
- Vtora veli i govori:
- -A bre, dedo, stari dedo,
- prodaj si ja kobilata,
- kobilata i kolata.
- / Jas, bre, dedo kje te zemam. /
- Treta veli i govori:
- -A bre, dedo, stari dedo,
- zapali si kukjičkata
- izgori si babičkata.
- / Jas, bre, dedo, kje te zemam. /
- Si zapalil kukjičkata,
- si izgorel babičkata,
- pa, se vratil kaj momite,
- a momi mu pobegnale.
- Počnal dedo da si plači,
- da si plači, da si redi:
- -Stara beše, me krpeše,
- stara beše, mi gotveše.
- / Stara beše, me ljubeše,
- i na starost me topleše. /
|