Проклета судбино
- Еј, љубов моја, незаборавна,
- еј, рано моја, неизлечива.
- Колку ѕвезди има на небото,
- толку болки носам во срцето.
- / Проклета судбино, што ми направи,
- од верна љубов што ме раздели? /
- Еј, кај се тие слатки соништа,
- бакнежи, песни и милувања?
- Еј, кај се сега тие насмевки,
- во очи твои, сини, небесни?
- Еј, мои деној, црни без тебе,
- за мене славеј веќе не пее.
- Малку среќа чекав, не дочекав,
- пуста младост тажна си поминав.
|
Prokleta sudbino
- Ej, ljubov moja, nezaboravna,
- ej, rano moja, neizlečiva.
- Kolku dzvezdi ima na neboto,
- tolku bolki nosam vo srceto.
- / Prokleta sudbino, što mi napravi,
- od verna ljubov što me razdeli? /
- Ej, kaj se tie slatki soništa,
- bakneži, pesni i miluvanja?
- Ej, kaj se sega tie nasmevki,
- vo oči tvoi, sini, nebesni?
- Ej, moi denoj, crni bez tebe,
- za mene slavej vekje ne pee.
- Malku srekja čekav, ne dočekav,
- pusta mladost tažna si pominav.
|